Албански тинејџер застрелан од свој соученик

Момче со автомат убил 17-годишен тинејџер во гимназија во Албанија утринава, соопштуваат локалните власти.

Осомничен за убиството е негов соученик, но засега никој не е уапсен. Мотивот за пукањето во град Шкозет, што се наоѓа на 20 километри западно од Тирана, засега не е познат.

Не е јасно дали на убиецот му била цел токму жртвата.