Албанскиот министер за надворешни работи си поднесе оставка

46
Гент Цакај
Гент Цакај

В.Д. министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, денеска поднесе оставка.

Цакај оваа информација ја објави на својот „Твитер“, притоа не ги наведе причините, туку нафрли дека „од повеќе различни причини“.

Не е познато дали оставката има врска со односите на Албанија со соседна Грција која од вчера ги прошири територијалните води во Јонското Море, поради што премиерот Еди Рама и актуелната влада се цел на жестоки критики на опозицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.