Албанскиот парламент го ратификува Протоколот за НАТО, а на седницата Рама беше полиен со боја

Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци.

На седницата присуствува и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, и амбасадорот Данчо Марковски.

Спикерот Грамоз Ручи изрази задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент.

-Ова пристапување се оствари благодарејќи на Преспанскиот договор меѓу двете наши соседски земји, верена Македонија и Грција. Ова не би било можно без политичката волја и храброст и еманципација на Албанците на Северна Македонија. Ми претставува задоволство што Собранието на Република Албанија е од првите парламенти што го ратификуваат овој протокол кој ќе овозможи пристап на Северна Македонија во НАТО. Овој голем чекор беше овозможен преку Преспанскиот договор. Парламентите на двете земји покажаа голема политичка одговорност, разбирајќи дека недоразбрањето го чуваше во заложништво пријателството меѓу двете земји, како и евроатланскот пат на Северна Македонија,- рече меѓу другото Ручи.

Пратеникот од редовите на опозициската Демократска партија, Еди Палока, кој воедно и партиски потпретседател, денеска предизвика инцидент во албанскиот Парламент, истурајќи боја врз премиерот Еди Рама.

По барање на спикерот Грамоз Ручи, припадници на Националната гарда, кои се гржат од обезбедувањето, го отстранија Палока од собранската сала.

Доплнително на Палока му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.

Инцидентот следуваше откако премиерот Рама, му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата“ отколку за ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, велејќи дека „детето не знае што прави и што зборува“ и оти не е момент  за тоа, ниту поради трагедијата кај Карпалак, ниту поради значењето на точката на дневниот ред.

Рама, при тоа, му се извини и на претседателот на македонскот парламент Талат Џафери, кој присуствува на седницата.

Баша ја искористи говорницата да повика на масовност на закажаниот антивладин протест на 16 февруари и меѓу другото рече дека „денеска сме на погреб на државата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.