Албанскиот премиер следниот месец ќе ја посети Србија

Премиерот на Албанија, Еди Рама во септември ќе допатува во официјална посета на Србија, што претставува прва официјална посета на висок албански функционер на Белград во изминативе 70 години.

Повикувајќи се на кабинетот на албанскиот премиер, весникот пишува дека повикот на претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ за посета на Белград пристигнал во Тирана и оти само преостанува да се одреди точниот датум на посетата.

Рама требаше да го посети Белград пред половина година, но таа посета е одложена по распишувањето на вонредните, мартовски избори во Србија.

Еди Рама ќе биде првиот премиер на Албанија, кој ќе ја посети Србија по седум децении. Последен пат во Белград беше Енвер Хоџа во 1947 година и тоа како гостин на Јосип Броз Тито и на тогашната југословенска федерација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.