Албанскиот претседател го свика Националниот совет за безбедност

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај за денеска попладне го свика Националниот совет за безбедност, за да направи целосна анализа на безбедносната состојба во земјата во изминатата година, јавија албанските медиуми.
Во фокусот на средбата ќе бидат и приоритетите за 2023 година – институциите да обезбедат целосна безбедност, слобода и благосостојба на граѓаните.

На состанокот на Советот за национална безбедност ќе присуствуваат неговите постојани членови и раководители на институции значајни за националната безбедност.

Ова е втора седница на Националниот совет за безбедност, по преземањето на функцијата шеф на државата од страна на Бегај, на 24 јули минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.