Албанскиот претседател Илир Мета во посета на Скопје

Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија.

За време на посетата, Мета ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател Мета, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје од денеска до среда.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.