Албанскиот претседател Мета го одложи националниот собир, предвиден за 8 декември

Албанскиот претседателот Илир Мета го одложи најавениот национален собир што го најави за 8 декември. Според него, ситуацијата по разорниот земјотрес, покажува дека е несоодветно време за ваков собир.

Гостувајќи во емисија на албанската државна телевизија,тој рече дека не се откажал од своето мислење за собирот, туку едноставно ќе биде одложен поради ситуацијата.

-Секако оваа ситуација преовладува над која било друга иницијатива. Сега е време да соработуваме за да се справиме со оваа голема катастрофа со која се соочува земјата, а особено илјадниците семејства во окрузите Тирана, Драч, Лежа, но и во други области кои се помалку погодени. Ова е приоритет и сигурно не е време или момент да се создаде или одржи друг фокус. Се разбира ова не значи, дека се предомислив за тоа кој е патот што Албанија ќе ја носи напред и ги направи Албанците да се чувствуваат господари на себе си и на нивната земја. Ова е само еден пат и тоа се референдумите. Но, секако не е време на 8 декември да ги повлечеме луѓето од терен, од помошта и поддршка што им ја даваат на нивните сограѓани, изјави Мета.

На крајот од минатиот месец тој рече дека е порешителен од кога и да било за сенацоналниот собир што го најави за 8 декември во Студентски град, додавајќи дека нема да го напушти плоштадот се додека не им го врати на албанските граѓани правото на референдум признато и со Уставот.

Тој уште додаде дека со актуелната политичка класа народот е безнадежен и референдумот е единствениот демократски начин да се спаси Албанија.