9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Aлбанските власти блокираа 27 тони бразилско месо со салмонела

Албанската Национална агенција за храна во пристанишниот град Драч, блокираше 27 тони пилешко месо. Од месото, кое е потекло од Бразил, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено големо присуство на салмонела.

Контејнерот во кој било сместено месото бил вратен во земјата на потекло. Во изминатиот перидот од годинава Агенцијата блокираше и врати назад седум контејнери или вкупно 180 тони месо.

Од Бразил годинава во Албанија увезени се 259 контејнери со месо и сите се контролирани и анализирани. Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.