Алборг му се реваншираше на Вардар во ракометната Лига на шампионите

25

Македонскиот ракометен шампион Вардар одигра добар натпревар во Данска против Алборг, но сепак го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона, со 33:29.

На 29-ти септември, Вардар во Скопје му го нанесе единствениот пораз на Алборг досега во ЕХФ Лигата на шампионите со 30:28, но сега данскиот шампион возврати во раниот „реванш“ две кола подоцна.

Главниот пад во играта се случи на крајот од второто полувреме почнувајќи од 26 минута до кога се играше изедначено. Тогаш Дибиров, кој царуваше во цело прво полувреме погоди за 12:11 за Вардар. Алборг потоа постигна четири гола едноподруго, Вардар не реализираше три напада, од кои еден пенал и водството на паузата стигна до 16:13.

Предноста на Алборг достигна и највисоки седум разлика, последно во 46 минута, кога водеше со 27:20, па потоа македонскиот првак повторно се консолидираше и одигра поорганизирано.

Томовски успеа да запре два напада и Вардар, па со четири гола по ред Вардар дојде на 29:27 во 56 минута. Сепак, Алборг не дозволи да прокоцка сѐ што градеше и ја зачува победата, предводен од повратникот Арон Палмарсон со девет гола. Толку постигна и Дибиров, но сите во првото полувреме, а Кевин Њокас го следеше со седум.

Со вториот пораз во пет кола, Вардар падна на шестото место, со пет бода во групата А, Алборг се зацврсти на првото со осум. Во следната рунда, на 27-ми октомври, во Скопје гостува Кил, кој во средата вечерта ремизирапше со 2:32 против Пик Сегед на свој терен.

ГРУПА А: Алборг 8, Кил 7, Пик Сегед 6, Елверум 6, Монпелје 5 (-1), Вардар 5, Загреб 1, Мешков Брест 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.