Албумот на Адел најбрзо продаван во 2021-ва

Новиот албум на светската музичка мегаѕвезда Адел под едноставниот наслов „30“, се искачи на првото место и стана еден од најбрзо продаваните албуми годинава во Велика Британија и САД , соборувајќи го рекордот на некогаш многу популарната шведска поп-група ABBA, објави во саботата британскиот јавен сервис BBC.

Објавен на 19-ти ноември, во првата седмица од денот на појавувањето на пазарот, продадени се 261.000 примероци од албумот „30“ во Велика Британија, додека повратничкиот албум на шведскиот бенд „Voyage“ е продаден во 204.000 примероци на истиот пазар.

Продажба на вкупно повеќе од 660.000 примероци на албумот, што вклучува аудио и видео стриминг и продажба на поединечните сингли од „30“, веќе триумфираше над другите големи изданија во 2021 година.

Меѓутоа, бројките за продажбата за Адел се значително пониски во однос на нејзиниот претходен албум „25“, објавен во 2015 година. Тој албум во првата седмица беше продаден во 800.000 примероци, што значи дека „30“ е продаден за 32 отсто помалку во однос на својот претходник.

Адел со својот најнов албум од врвот на листата го симна Ед Ширан со албумот „Equals“. Нејзиниот албум беше најавен со неколку песни, меѓу кои и синглот „Easy On Me“ кој веднаш го зазема првото место на листата Hot 100 на списанието Billboard.

Според Адел, албумот „30“ претставува обид на деветгодишниот син Енџел да му го објасни разводот од нејзиниот сопруг.

Албумот „30“ критичарите го прогласија за нејзин најдобар албум досега.