Алде ја напушти владејачката коалиција на Романија

Романската владејачка Социјалдемократска партија го загуби малото парламентарно мнозинство откако еден од нејзините сојузници, либералната партија Алде излезе од Владата.

Алде одлучи да излезе од Владата два дена откако нејзиниот лидер Калин Попеску Таричеану не доби поддршка да стане нејзин провладин кандидат на претседателските избори закажани за ноември, и откако Социјалдемократската партија ја номинираше својата лидерка, актуелната премиерка Виорика Данчила.

Овој чекор на партијата, една година пред парламентарните избори, би можел да доведе до предвремени избори, меѓутоа аналитичарите сметаат дека дел од опозицијата сака да се почека редовниот термин.

Таричеани изјави дека СДС лошо се снајде во владата и оти пропуштија да преземат неопходни чекори за реконструкција на кабинетот.