Алегри: Ќе биде тешко да го освоиме Скудетото оваа сезона

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не е уверен дека неговиот тим може да ја освои шампионската титула оваа сезона во Серија А.

– Мислам дека не можеме да го освоиме Скудетото оваа сезона со помалку од 90 бодови.

Јувентус е далеку зад лидерот Наполи. Сепак, мора да продолжиме да се бориме. Ќе ги наполниме батериите во јануари и ќе продолжиме по нашиот пат, изјави Алегри.

Јувентус синоќа го победи Лацио со 3:0 во 15 кола од Италијанското фудбалско првенство.

Лидер во поредокот во Серија А е Наполи со 41 бод, Милан е втор со 33, Јувентус има 31, Лацио и Интер по 30.