Алегри ќе биде тренер на Рома под еден услов

Поранешниот тренер на Милан и на Јувентус, Масимилијано Алегри, во иднина ќе ја предводи Рома. Иако италијанскиот стратег во неколку наврати истакнуваше дека сака да продолжи да работи во Англија, сепак, тоа засега не му се остварува.

„Калчомеркато“ пренесува дека Алегри веќе потпишал договор со Рома со што треба да седне на столчето на Пауло Фонсека за следната сезона.

Португалецот ќе остане да ја доработи сезоната, потоа Алегри официјално ќе ја преземе екипата со тоа што ќе стави потпис на двегодишен договор со опција за трета. Дури се споменува и платата која ќе изнесува 4,5 милиони евра по сезона.

Сепак во договорот постои и клаузула според која договорот ќе стане валиден доколку Рома се пласира во Лигата на шампионите идната сезона, а во меѓувреме Алегри не смее да преговара со други клубови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.