Алегри: Кој има амбиција, нема страв

Секој кој има амбиции, нема страв, изјави тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, откако стана јасен противникот во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Јувентус ќе се соочи со Атлетико Мадрид за место во Топ 8 од престижниот шампионат.

Кристијано Роналдо и неговиот тим се убедливи лидери во Серија А со 46 поени, со 8 поени повеќе од второпласираниот Наполи.

Атлетико, пак, е третопласиран во Шпанија со 31 бод, колку што има и второпласираната Севиља, а 3 помалку од лидерот Барселона.