Алегри: Кристијано Роналдо не е потресен од истрагата за силување

35

Кристијано Роналдо е максимално опуштено и обвинението за силување не влијае на неговите настапи на теренот, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Португалецот е сконцентриран за претстојните натпревари на Јувентус и не се плаши од барањето на полицијата во Лас Вегас за приложување на ДНК примерок во врска со истрагата во САД, по тврдењата на Американката Кетрин Мајорга дека Роналдо ја силувал во 2009-тата година.

Случајот на Роналдо е личен и не е поврзан со фудбалот. На тренинзите го гледам целосно опуштен и сконцентриран, рече Алегри на прес-конференција.

Тренерот додаде дека Роналдо ќе игра на утрешниот натпревар од Купот на Италија против Болоња.

Skin Delight