Алегри побара помош од психолог

Тренерот на италијанскиот фудбалски великан Јувентус, Масимилиано Алегри, побарал помош од познатиот психолог Џузепе Верчели за да ги „разбуди“ неговите играчи и да им ја врати загубената самодоверба по серијата лоши резултати.

Торинската „Стара дама“ во првите 11 коло од Серија А освои само 15 бодови и се наоѓа на деветтото место со дури 16 бодови заостанување зад водечките Наполи и Милан.

Алегри поради тоа довел психолог за да разговара со играчите и да се обиде да им помогне да закрепнат од лошиот почетокот на сезоната. Така Јувентус на сите можни начини се обидува да ја поправи сезоната за којашто веќе се чини дека е загубена, кога станува збор за борбата за титулата.

Италијанскиот спортски дневни весник La Gazzetta dello Sport наведува дека Алегри и професорот Варчели се многу блиски пријатели и дека не е првпат фудбалскиот стручњак да побара помош од психологот.

Варчели веќе работел во Јуве во текот на првиот тренерски мандат на Алегри. Тој е професор по спортска психологија на Универзитетот во Торинои, а заедно со својот тим составен од осум специјализирани соработници, го осмисли моделот SFERA, меѓународно призната алатка за анализа и оптимизација на префоррманските кој е применлив не само во спортот, туку и во деловен контекст со цел извлекување на најдоброто од спортистот или менаџерот.

Познавачите на ситуацијата во Јувентус наведуваат дека целата екипа е во страв и грч и е со напнати нерви. Целото опкружување околи тимот и клубот е фрустрирано со лошите резултати и стравување дека Јуве би можел да остане и без пласман во Лигата на шампионите, што повлекува и загуби на милиони евра.

Особено цел на критиките се шпанскиот напаѓач Алваро Мората и францискиот играч од средниот ред Адриен Рабио, кои веќе подолго време имаат очајни настапи.