Алегри потпишал четиригодишен договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски стратег Масимилиоано Алегри се враќа на тренерската клупа од којашто беше отстранет пред две години, а според италијанските медиуми потпишал четиригодишен договор со Јувентус, за сума од девет милиони евра по сезона.

Алегри со Јувентус освои пет последователни титули во Серија А и двапати ја доведе екипата до финалето на Лигата на шампионите, но тоа не го спаси од отказот во 2019 година.

Но неговите наследните на клупата на торинската „Стара дама“ не траеја долго. Маурицио Сари остана една сезона, како и Андреа Пирло под чие водство Јувентус го освои Купот на Италија и домашниот Суперкуп, но дури во последното коло и благодарејќи на киксот на Наполи избори место во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.