Новиот менаџер на актуелниот шампион на Англија, Дејвид Мојс веќе ја започна потрагата по нов лев бек кој ќе има за задача да го наследи францускиот интернационалец Патрис Евра.
Заменик-капитенот на „црвените ѓаволи” на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а голема е веројатноста дека по пауза од 9 години, Евра повторно ќе го облече дресот на моментално второпласираниот клуб во француската Прва лига, Монако.
Прв фаворит, кога е во прашање левата бековска позиција на „Олд Трафорд”, е бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Португалија, тимот на Порто, Алекс Сандро.
За да биде исполнета големата желба на наследникот на сер Алекс Фергусон, раководните лица на Манчестер Јунајтед мораат да испратат официјална понуда за 23-годишниот Сандро, не помала од 20 милиони фунти.
Слична таква понуда, ако не и побогата подготвува и сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович.