18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Александар Нешкоски за беството на Спасов: Свесно убиство, свесно пуштен

Брзо се сушат солзите за туѓата болка, убиството на Мартин беше страшно, но уште пострашно е кога ќе осознаете дека ве ставиле во машина која ве врти, несвесни сте дека ја злоупотребиле вашата болка, претставувајќи се дека ви помагаат. Александар Нешкоски, братот на брутално убиениот Мартин прифати да зборува за Алфа. 2011 им го сврте животот за миг, прво Игор Спасов го уби брат му, неколку дена потоа татко му се самоуби, наспроти тоа, протести, многу политика, која не заврши туку продолжи, се плетеше приказна, за манипулации, заштита, политички игри и целиот тој товар Александар вели дека го носел сам иако никогаш ниту бил ниту ќе биде дел од политика.

– Јас морав да ги гледам сите и да ги анализирам од најблиските прво дома, роднини, пријатели, па луѓе што се на протестите, па организации, па врвот – Александар Нешкоски, брат на Мартин.

Конкретно за бегството на Игор Спасов не сакаше да зборува, причината зошто е тоа така не ни ја откри. Рече дека за себе не се плаши, се плаши за семејството, за неговите деца. Времето во кое живееме е опасно за сите вели.

-Свесно убиство, свесно пуштен. Избегал? Мислам, дај ве молам- рече Нешкоски.

Верувате ли дека Игор Спасов ќе се врати назад во затвор во Македонија?

На таа тема не се ни трудам да размислувам, затоа што многу побитно е Игор Спасов како човек да си постави прашање што е животот воопшто? Која е суштината на животот да бидеш гневен, ладнокрвен убиец или да имаш привилегии да се насмееш и да уживаш со цел останат свет? – рече Александар.

Игор Спасов, од 18 октомври е во бегство, откако Судот му дозволи прекин на казната од 14 месеци, тој не се врати во затвор и избега во Холандија. За убиството на Мартин беше осуден на 14 години затвор, а одлежа само половина од казната.

ИЗВОР: АЛФА