Александар Николоски се сретна со чешкиот амбасадор Мирислав Томан

Работната недела ја започнав со средба со амбасадорот на Чешка, Н.Е. Мирослав Томан, изјави на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„Ја искористив можност да се заблогадарам за контиунираната и силна поддрршка на Чешка за европската интеграција на Македонија. Со амбасадорот разговаравме за составот на Националниот совет за евроинтеграции и улогата во пристапните преговори.

Исто така се заблагодарив за Чешката принципиелност и поддршка на политиката на проширување на ЕУ, особено покажана на состанокот на Европскиот совет во декември минатата година, во однос на заклучоците за проширувањето предложени од страна на Германското претседателство.

Разговаравме и за силната поддршка на Вишеградската група, за добивање на членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан и континураната поддршка на Репубика Македонија“, истакнува Николоски.