Александар Ѓорѓевиќ стана селектор на Кина

Кошаркарската легенда Александар Ѓорѓевиќ, ја прифати понудата да биде селектор на Кина.

Ѓорѓевиќ ќе има годишна плата од 1 милион долари за работата со кинеската репрезентација, а следната година на Кинезите им претстои настап на Светското првенство, кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Ѓорѓевиќ на клупата на Србија последен пат беше во 2019 година, токму во Кина. Последен клупски ангажман му беше во Фенербахче, но си замина летоска и иако имаше шпекулации дека може да го преземе Реал Мадрид, изгледа селекторската работа повеќе го привлекува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.