Публицистот Александар Трајковски е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за оваа година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Македонија.
За остварување во областа на новинарството, државната награда ја доби Лаура Папранику-Бејтула.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата на седницата одржана на 24 ноември, врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември во свечената сала на Собранието.