Партијата на Александар Вучиќ, Српска напредна странка (СНС), според прелиминарните резултати, освоила рекордни 48,8 отсто од гласовите кои ќе и’ донесат 157 мандати во српското Собрание. Изненадување на изборите, како што пишува весникот „Блиц“, е и тоа што, Демократската партија на Србија на Воислав Коштуница, Либерално демократската партија на Чедомир Јовановиќ и Обединети регион на Младен Динкиќ не го преминале задолжителниот цензус и нив повеќе граѓаните нема да ги гледаат во парлементот.
Освен СНС во парламентот во Белград ќе седат и пратеници на Социјалистичката партија на Србија која освоила 14 отсто, односно 45 од пратеничките места, Нова демократска странка на Борис Тадиќ со 5,7 осто гласови и 18 мандати и Демократска странка на Драган Џилас која освоии 5,9 отсто односно 19 места во парламентот.
Вучиќ по изборите им се заблагодараил на граѓаните за огромната поддршка каква што никој не добил во 25 години од воведувањето на повеќепартискиот систем во Србија.
„Сигурен сум дека граѓаните по долги години ја препознаа големата прилика дека можеме да бидеме мудри, да работиме повеќе и да се однесуваме поинаку“, истакнал Вучиќ. Уверен дека Србија ќе продолжи по европскиот пат, ќе соработува со сите пријатели во светот, ќе продолжи со борба против корупцијата рекол:
„Подготвени сме на многумина да им пружиме рака, да покажеме дека сакаме да соработуваме и во ниту еден момент никого нема да потценуваме ниту да понижуваме поради ваквите изборни резултати. Напротив, сакаме да ги слушнеме нивните идеи. За тој вид дијалог сме подготвени со сите релевантни политички партии“, изјавил Вучиќ.