Србија нема да воведува санкции кон Русија, изјавил синоќа идниот српски премиер Александар Вучиќ, на државната српска телевизија.
„Србија сака да влезе во Европската унија и сака добри односи со САД, но, не сака непријателство со Русија“, посочил Вучиќ.
Вучиќ овој свој став им го соопштил и на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, како и на сите амабасадори со кои разговарал.