Александар Вучиќ: Нема санкции за Русија

Србија нема да воведува санкции кон Русија, изјавил синоќа идниот српски премиер Александар Вучиќ, на државната српска телевизија.

„Србија сака да влезе во Европската унија и сака добри односи со САД, но, не  сака непријателство со Русија“, посочил Вучиќ.

Вучиќ овој свој став им го соопштил и на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, како и на сите амабасадори со кои разговарал.