Александрија би можела да исчезне во морето

Вториот по големина египетски град и најголемото пристаниште во земјата, Александрија за неколку децении би можела да исчезне под морето.

Дури и според најдоброто сценарио на Обединетите нации, третина од градот кои на делтата на Нил го основал Александар Македонски Велки ќе биде под вода или непогодна за живеење до 2050 година.

Милион ипол жители, од вкупно шесте милиони, ќе мора да ги напуштат своите домови. Древните останки на Александрија и историските споменици, исто така, се во голема опасност од Средоземното Море. Веќе стотици жители мора да ги напуштат становите кои беа поткопани од поплавите од 2015 до 2020 година.

Секоја година градот тоне за повеќе од три милиметра поради браните на Нил, кои го задржуваат речната кал која некогаш ја зацврстувал почвата и вадењето на гасот од подморјето.

Истовремено, според некои стручњаци, нивото на морето расте поради глобалното загревање. Средоземното Море би можело да се подигне за еден метар во рок од следните три децении, според најлошите предвидување на IPCC, панелот за клима по ОН. Тоа би поплавило „третина од многу продуктивното замјоделско земјиште во делтата на Нил“, како и „градови со историска важност, како што е Александрија“, се додава.

 

Би можело да исчезне третина од градот

Стручњаците на ОН велат дека нивото на Средоземното Море ќе се подигне побрзо од речиси сите мориња на светот. Дури и во најдобар случај, ова море ќе се подигна за 50 сантиметри до 2050 година, според египетските и истражувањата на меѓународниот панел.

Александрија тогаш би била поплавена 30 отсто, четвртина од населението и морала да се пресели, а 195.000 би ги загубила работните места. Таквата катастрофа ќе има драматични последици и за 104-те милион жители на Египет, бидејќи во Александрија се наоѓа и најголемото пристаниште во земјата и еден од главните економски центри.

Ширум делтата морето веќе навлегло во копното повеќе од три километра во последните педесетина година, во 1980-те години проголтувајќи го славниот светилник од XIX век во Розета.

Сето тоа се совпаѓа со експлозијата на бројот на жителите на Александрија во којашто последните десет години се доселиле речиси два милиона луѓе, додека вложувањата во инфраструктурата, како и ширум Египет, заостануваат.

Гувернерот Мохамед ал-Шариф, вели дека е изграден систем за одвод на водите од врнежите на сообраќајниците за да се апсорбира милиони квадратни метри дожд. Но, имајќи предвид дека поради климатските промени се случуваат сѐ посилни бури, „денеска може во само еден ден да наврнат 18 милиони кубни метри дожд“, додава.

Климата која се променува предизвикува хаотични временски прилики во Александрија кои може да се движат од горештини надвор од сезоната до снег. Жителите велат дека никогаш не доживеале толку топло време на преминот од октомври до ноември. Температурите деновите достигнаа 26 Целзиусови степени, што е пет степени на просекот за овој период од годината.

 

Загубена во брановите

Оваа закана нанесе голем удар на имиџот на градот кој го слави своето космополитски златно време од почетокот на XX век со „рт—деко“ кафулиња и елегантни авении со згради во париски стил. Многумина Египќани беа ужаснати кога тогашниот британски премиер Борис Џонсон предупреди дека Александрија би можела да исчезне „под брановите“ на конференцијата за климатските бранови COP26 во шкотски Глазгов минатата 2021 година.

Во Александрија се свесни за таквата закана, и покренуваат проект за да го ублажат тоа. Се сади голем појас од трска по должина на брегот од 69 километри. Според властите, песокот се фаќа за трската и заедно формираат природна бариера. Наскоро ќе бидат воведени и механизми за тревожење и мерење на брановите.

Истовремено богатото и древно историско наследство на Александрија е особено ранливо. Најмногу изложена мамлучката крепост Кајтбај од XV век изградена на почва на која некогаш се наоѓал славниот светилник, едно од седумте светски чуда на античкиот свет. Бидејќи е константно изложена на ударот на брановите, поставена е бариера од 5.000 големи бетонски блокови да ја штити. Уште повеќе го заштитуваат шеталиштето крај морето од XIX век.

Уништувањето и обновувањето не се ништо ново за градот во кој некогаш се наоѓала Александриската библиотека, најголемиот храма на знаењето во античкиот свет, кој според легендите случајно го запалиле војниците на римскиот император Јулие Цезар.

Градските власти велат дека ниту нејзиниот современ наследник, блескавото здание на шеталиштето накосено како Сончевиот диск кон морето, ниту остатокот од градот не може да бидат препуштени на водената гробница. Велат дека „западот има морална одговорност“ и оти мора да помогне во сузбивањето на негативните последици на климатските промени „кои се резултат од неговиот цивилизациски и индустриски модел“. Египет ќе истрајува на таа порака и на конференцијата за климатските промени COP27 на ОН која на 6-ти ноември ќе започне во летувалиштето Шарм ел-Шејк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.