Александрова: Нема компромис околу македонско во државјанството

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ не е подготвена да ги даде своите осум гласа доколку дојде до промени во делот за државјанството, објави Пресинг.

Не отстапуваме од формулацијата околу државјанството-македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Тука нема компромис и не прифаќаме никакви ромени, вели за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова.

Албанската опозициска Беса на Биљал Касами не се согласува во делот на државјанството за Албанците да стои македонско пред граѓани на Република Северна Македонија и бара да се изнајде некаков компромисен модалитет.