Александрова: Владата на СДСМ спроведува и штити криминал преку одлуките за незаконски именувања на функционери

Владата предовдена од СДСМ спроведува и штити криминал преку одлуките за незаконски именувања на функционери иако вети транспарентност, но наместо тоа добивме масовна партизацијам а наместо ветената законитост, добивме криминал. СДС ги излажа граѓаните и затоа ќе биде казнет, рече Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ

Александрова притоа истакакна дека актуелната влада ќе заработи кривични тужби поради незаконито работење и криминално именување на функционери.

„Владата на СДС го именуваше членот на Централниот одбор на СДС, Спасе Глигоров на чело на Агенцијата за државни службеници. Партиски војник на Зоран Заев ќе раководи со агенцијата која треба да биде синоним за професионалност“, посочи Александрова.

Забележа дека сега под притисокот на јавноста, во СДСМ се обидуваат да се правдаат дека Глигоров поднел оставка од позициите во партијата, но, сепак, како што констатираше Александрова, останува фактот дека не е предложен затоа што е способен и професионалец, туку затоа што бил член на Централниот одбор.

„Ако се земе предвид најавата на Зоран Заев дека има намера да партизира сѐ од чистачка до министер тогаш е јасно зошто верниот партиски војник Глигоров е именуван на оваа позиција“, додаде претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Александрова истакна дека изминала една седмица а Владата не го повлече предлогот на членот на највисокиот орган на СДСМ да биде и директор на Агенцијата за државни службеници што е целосно спротивно на законот имајќи го предвид членот кој укажува дека најстрого се забранува првото лице на институцијата која раководи со државната администрација да биде член и на партиски орган.

„Тоа ја покажува нивната намера по секоја цена да го погазат принципот на професионалноста во администрацијата и да го заменат со партизираност. Дополнително сите останати именување на директори се направени без испочитување на законската обврска да достават сертификат за познавање на странски јазик, што укажува и дека се работи за некомпетентни кадри“, додаде Александрова.

Наведе и дека дополнително за дел од именувањата на директори не е запазена обврската да имаат адекватен јавен оглас.

„Република Македонија е единствената земја во Европа каде директорските места се бираат на најнетранспарентниот начин, без оглас, само по партиски клуч. Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДС ги крши на големо“, рече.

Меѓутоа, продолжи Александрова, одговорот која е целта на ова ја даде пратеникот од СДСМ кој кажа дека членската книшка на СДС е втора лична карта и дека законите за членовите на СДСМ не важат, алудирајќи на видео снимката од средбата на пратеникот Курто Дудуш со граѓаните.