Александрова: За клучните функции во институциите кои ги именува СДСМ главен влез е партиската книшка

Ова го истакна Емилија Александрова на денешната панел дискусија на тема “Подобри и различни: ВМРО-ДПМНЕ градеше професионална администрација, а СДС врши груба партизација”.

-Законите се грубо прекршени, најпрво при разрешувањето на претходните функционери и именувањето на новопоставените, кои се примани без јавен оглас и многу од нив не ги исполнуваат условите кои се предвидени во законите соодветни за институциите на кои што тие се поставени.

Како пример таа го посочи именувањето на директорот на Агенцијата за државни службеници.

-Директорот на Агенцијата за државни службеници кој веќе ќе го имаме како предлог за именување на утрешната седница во Собранието, единствен клуч најверојатно и за него е тоа што е член на извршниот одбор на партијата. СДСМ со ова покажува дека не сака квалитетни кадри и дека членот 16 за именување на директори според Агенцијата за државни службеници во овој случај не е испочитуван.

СДСМ, додаде Александрова, иако ветуваше транспарентност и професионални кадри, овие денови сведоци сме дека тоа не е така.

-Македонската јавност ќе има можност сама да процени дали тоа што го ветуваше СДСМ за време на изборите сега вистински го применува кога ја има власта во свои раце.