Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, објавил денеска професорот Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот Рутгерс во Њу Џерси.

Тој соопштил дека Навални е номиниран за наградата од група научници од повеќе универзитети, но не ги навел нивните имиња, пренесува рускиот портал „News.ru“.

кандидатури за Нобеловата награда за мир се доставуваат од септември до крајот на јануари следната година, а според правилата на Шведската академија што ја доделува, официјално се објавува само името на добитникот, додека имињата на кандидатите се објавуваат 50 години подоцна.