Алексеј Навални осуден на три и пол години затвор

Судот во Москва денеска ја преиначи условната казна на Алексеј Навални во ефективна казна од 3 години и 6 месеци затвор, јави Тасс, пренесе ДПА.

Според пресудата 44-годишниот опозиционер е осуден за избегнување на условната слобода откако во август беше отруен со нервниот агенс „Новичок“. Два дена по труењето, тој беше префрлен на лекување во Германија, во коматозна состојба.

Но, руските власти сметаат дека неговото непријавување во периодот додека бил на лекување претставува повреда на условната казна.

-Судот донесе одлука за задоволување на предлогот на Сојузната казнено-поправна служба, рече судијката Наталија Репникова за време на објавувањето на одлуката, пренесе ДПА.