Алексис Санчез и официјално нов фудбалер на Интер

Во случај, чилеанскиот репрезентативец чија кариера е во постојан пад откако премина во Манчестер јунајтед, доколку се врати во препознатливата форма, Интер ќе може да го откупи договорот за само 15 милиони евра.

Според договорот на двете екипи, Интер оваа сезона ќе плаќа само дел од платата, поточно тие ќе му дадат пет милиони евра, додека останатите 12 милиони евра ќе му ги исплати Јунајтед.

„Манчестер јунајтед и Интер се договорија за позајмицата на Алексис Санчез. Му посакуваме се најдобро на Алексис во игрите во Милано“, објави Манчестер јунајтед.

Доаѓањето во Интер, за Алексис Санчез претставува и враќање во италијанската Серија А, бидејќи настапуваше во Удинезе. Тој од 2006 до 2011 година играше за Удинезе, пред да се пресели во Барселона за 26 милиони евра, а потоа во 2014 година премина во Арсенал.