Алексис Санчез му даде домашна на Кики Роналдо

И без помошта на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, каталонскиот гигант Барселона, без никаков проблем ја оправда фаворитската улога во првенствениот натпревар од 18. коло во шпанската Примера дивизион и забележа убедлива победа од 4:0 во дуелот со гостинскиот тим на Елче.

Најзаслужен за новите три бода е чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез, кој беше вистински кошмар за противничките дефанзивци, а маестраланта партија ја круниса со хет-трик.

Битката за Баскија, дуелот помеѓу вечите ривали, Реал од Сосиедад и Атлетик од Билбао, заврши со сигурен триумф на домаќинот од 2:0.

Фудбалерите на Реал (М), денеска имаат обврска да забележат што е можно поубедлива победа во дуелот со гостинскиот тим на Селта од Виго.

Резултати: Севилја – Гетафе 3:0, Барселона – Елче 4:0, Осасуна – Еспањол 1:0, Сосиедад – Атлетик Б. 2:0.
Денеска на програмата: Реал М. – Селта, Р.Валјекано – Вилјареал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.