Алексовска: За 10 години се отворени над 170 илјади работни места

Над 170 илјади работни места се отворени во период од 10 години. Би рекла дека освен активните мерки, целокупната економска политика и целокупната политика на претходната влада влијаела да може приватниот сектор да отвори работни места со искористување или без искористување на мерките, можеби со некоја друга услуга од агенцијата да вработи невработени лица, изјави вчера за ТВ Нова Слободанка Алексовска од Центарот за вработување на град Скопје.

-Само за 2017 година се предвидени нови 10.000 директни вработувања и се предвидени над 41.000 учесници на невработени лица низ 22 активни мерки и програми и 11 услуги коишто се дел од овој оперативен план, меѓу кои обуките, практикантството и слично, додава Алексовска.

Таа нагласи дека дел од овие услуги можеби не доведуваат до директно вработување, но се очекува да креираат индиректни вработувања.