Алексовски: Решавање на водоснабдувањето во Конопница, пат до село Б’з

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, ветува два нови инфраструктурни проекта во општината со цел решавање на проблемот со водоснабдување во село Конопница, како и инфраструктурно поврзување на село Б’з.

„Во програмата ‘Новата ера доаѓа’ за претстојните четири години, во Крива Паланка е предвидено поврзување на главниот резервоар од висока зона -лев брег на Крива Река со село Конопница, каде што ќе се сублимираат сите селски водоводи во еден кој ќе го опфати целото село и трајно ќе се реши водоснабдувањето во ова село. Го најавувам и проектот до село Бз од патот кој води кон Калин Камен до центарот на селото, со што ќе се олесни сообраќајната комуникација на жителите на овој реон, со градот’, рече Алексовски.

Најави и проекти за гасификација на општината, изградба на станови за млади брачни парови, како и тротоари долж целата главна улица од влезот до излезот на градот.