Ален Делон ја прими наградата во Кан и покрај протестот на феминистките

Иако седум пати беше номиниран а никогаш награден, легендарниот актер Ален Делон во неделата вечерта ја прими својата награда на Канскиот филмскиот фестивал – Златната палма за живтоно дело, и покрај петицијата на феминистичките здруженија.

Иконата на француската кинематографија од 1960-те и 1970-те години во неделата вечерта со многу емоции и солзи во очите ја прими Златната палма од рацете на ќерката Анушка. Иако оваа Златна палма, коај пред него ја примија Жан-Пол Белмондо и Жан-Пјер Леод, може да се гледа како задоцнета награда за акторот кој снимаше само со големите светски режисери како Висконти, Малвил и Антониони, сепак поттикна полемија и пред самиот почетокот на фестивалот.

Феминистките му префрлаат на актерот дека е „расист, хомофоб и женомрзец“, како што го нарече здружението „Жени и Холивуд“, повикувајќи се на некои изјави кои ги давал во различни настани. Петицијата коај собра повеќе од 25.000 потписи бараа од организаторот на фестивалот „да не му ја додели наградата“. „На агресорите не треба да им се оддава признание“, регираше и француското здружение „Одважи се на феминизам“. „ #MeToo значи на ништо нѐ не научи? Бараме фестивалот во Кан да не го наградува агресивниот женоморзец“, порачаа.

Самиот, сега 85-годишен Ален Делон, за неделникот Journal du dimanche вели дека неговите критичари ги „измислуваат изјавите“.

„Не се противма на хомосексуалниот брак, не ми е грижа, луѓето прават што сакаат. Но се противам на посвојувањето деца во таков брак (…) Рекова дека ја ‘шлапнав’ жената? Да, го сторив тоа. Но не реков дека примив повеќе шлаканици отколку што сум ги влепил. Во својот живот никогаш не сум злоставувал жена… Сакаа да ми прилепат етикета на краен десничар бидејќи сум пријател со (основачот на Националното движење, Жан-Мари) Лепен од војничките денови. Не, јас сум само десничар и точка“, Вели во интервјуот Делон.