Алергиска реакција и нарушена работа на бубрезите – Нови несакани ефекти од Фајзер и од Модерна

Европската медицинска агенција (ЕМА) денес соопшти дека проучува три нови услови за да процени дали се можни несакани ефекти од вакцините против коронавирусот на компаниите Фајзер и на Модерна, откако забележала мал број такви случаи.

Како што е наведено во соопштението, Одборот за безбедност на ЕМА ја проучува формата на алергиска реакција на кожата, multiformni eritem и нарушување во работата на бубрезите, glomerulonefritis i nefrotski sindrom.

РНК технологијата користена во тие две вакцини беше пресвртница во пандемијата на коронавирусот за научната заедница поради високата ефикасност, но во моментот кога сè повеќе луѓе ширум светот се вакцинираат ги следат и ретки несакани ефекти, пишува Ројтерс.

ЕМА минатиот месец откри поврзаност помеѓу ретко воспаление на срцето и РНК вакцините, но заедно со Светската здравствена организација оцени дека придобивките од тие вакцини го надминуваат ризикот.

ЕМА не наведува колку случаи на новите несакани ефекти се забележани по вакцинација со Фајзер и со Модерна, но истекнала дека од тие компании побарале повеќе податоци за да анализираат можна врска меѓу нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.