Алфа Ромео ќе го претстави новиот бoлид во февруари во Варшава

Тимот на Алфа Ромео соопшти дека ќе го претстави својот нов бoлид со кој ќе се натреварува во класата Формула 1 оваа сезона, на 22-ри февруари во полската престолнина Варшава.

Екипата чиешто седиште е во Швајцарија е првата во Формула 1 којашто го објави датумот на презентација на својот тркачки автомобил пред почетокот на сезоната којашто ќе започне на 28-ми март со трката во Бахреин.

Светското првенство според првичниот распоред требаше да започне на 21-ви март во Мелбурн, но трката во Австралија беше одложена поради поради пандемијата на коронавирусот.

Тимот на Алфа Ромео ја избра Варшава за претставување на својот нов автомобил C41, бидејќи неговиот главен спонзор е нафтената компанија „Orlen“ од Полска.

Возачи на екипата се финскиот ветеран Кими Рајконен и Италијанецот Антонио Џованаѕи.

Минатата сезона во 2020 година, Алфа Ромео ја заврши на осмата позиција во генералниот пласман меѓу конструкторите. Како што соопштија од тимот, болидот C41 претставува еволуција на минатогодишниот C39.