14 C
Skopje
вторник, јули 14, 2020

Алфа сторија: Шестчлено семејство оставено во сиромаштија, по 20 години ги скинаа партиските книшки од СДСМ

278

Јас само едно ќе кажам, срамота и брука, нели ќе се боревме за живот во Македонија, вели Гордана Ѓорѓиевска

Со солзи во очите Гордана Ѓорѓиевска пред камерата на Алфа раскажува дека во време на корона кризата, за семејството Ѓорѓиевски Ковид 19 е најмалиот проблем, за нив проблем е како да се мине денот без скршен денар и без струја, како да се нахранат и облечат четирите малолетни деца, кои за жал деновите ги минуваат во стара скината и излитена гардероба, но сепак со детска и невина насмевка на нивните лица.

Во куќата во скопското село Раштак живее брачниот пар Ѓоргиевски со своите четири малолетни деца. Тие веќе година и пол иако невработени се оставени на милост и немилост, немаат земено никаква финансиска помош од државата, а од пред три месеци во 21 век се останати и без струја.

Најголем проблем во овие моменти има седумгодишниот син на Ѓорѓиевски, Давид, кој во време кога наставата не се одржува во училиштата, туку онлајн, нема како да учи заедно со сите свои другарчиња, бидејќи неговиот дом е останат без струја.

-Ја посетуваа додека ни работеше агрегатот, од некни го извадив моторот на агрегатот. Без струја не оставија Три месеци, ни го земаа броилото, вели Драги Ѓорѓиевски.

Од почетокот на 2019 година, немаат земено ниту денар од државата, повеќе пати аплицирале, но секогаш биле одбивани. Не се постапува ниту по последната жалба која ја поднеле. А и она што требале да го добијат овој месец, односно еднократна парична помош од 4.500 денари, не ја добиле, парите им биле одземени од извршител, иако Владата кажа дека извршителите во периодот на корона кризата нема да смеат да земаат пари од граѓаните.

-Повеќе од три месеци немаме никаков одговор, по фиоки стојат нашите жалби. Значи тоа е срамота што се прави на сопствениот народ, од сопствената држава, вели Ѓорѓиевски.

Она што посебно го боли брачниот пар Ѓорѓиевски е што од партијата СДСМ, во која што се членови повеќе од 20 години, не добиле никаква помош, иако тоа им било ветувано. Пред камерата на Алфа решија да ги скинат партиските книшки.

-Не заслужуваат да сме нивни членови и затоа сега ќе ја скинам книшката, не заслужувате да бидеме ваши членови, порачува Ѓорѓиевска.

-Четири малолетни деца да трпат и страдаат, нема потреба да сме ваши членови, низ солзи порача и Ѓоргиевска.

Семејството Ѓорѓиевски велат дека во овие тешки мигови за нив единствената помош доаѓа од донациите на невладината „Подај рака за спас- ЕИР“ и Мери Николова Буџаку. Покрај донациите во храна, од таму се обезбедиле средства за реновирање на дел од нивниот дом, како би можеле колку толку да им се нормализираат условите за живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.