,,Алфа’’ ТВ: Шокантно видео од нападот на Боки 13 и татко му врз свештеник

746

Телевизија ,,Алфа’’ објави шокантно видео од нападот на Боки 13 односно Бојан Јовановски и неговиот татко Миле врз поп на МПЦ.

Во видеото кое е најава за репортажи кои ,,Алфа’’ ги најавува за наредните денови се гледа како таткото Миле и Боки 13 вршат вербални и физички напади врз свештеник кој се обидува да влезе во својот дом.

Нападот е извршен додека во возилото на попот има две деца а инцидентот го гледаат и сопругата и уште едно дете.

Инаку, случајот нема правна разврска повеќе од 30 месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.