Алфите лани легитимирале 11.606 лица, а привеле 3.582 лица

95

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот на изминатата 2013-та година, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 11.606 лица, извршен е преглед на вкупно 1182 моторни взоила, а по разни основи приведени се вкупно 3.582 лица.

Притоа, по основ на телеграма приведени се 429 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 342 лица, поради сомнение за извршено кривично дело – 542 лица, по извршено кривично дело – 361 лице, на лице место во вршење на кривично дело приведени се 203 лица, за издржување на казна затвор –123, за утврдување на идентитет – 77 лица, за држење недозволени предмети – 49 лица и странски државјани со нерегулиран престој во РМ – 39 лица;

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.