Али Ахмети останува лидер на ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ), на својот трет партиски конгрес, го реизбра Али Ахмети за лидер на партијата. За неговиот реизбор гласаа 675 делегати.

Абдулаќим Адеми, Генералниот секретар на ДУИ најави дека за неколку месеци по денешниот Конгрес, ќе одржи уште еден тематски конгрес на кој ќе се зборува за политиките и стратешките цели на ДУИ, како и за албанците и државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.