Али Ахмети реизбран за лидер на ДУИ

Едногласно со акламација Али Ахмети е реизбран за претседтаел на ДУИ. На 4 конгрес на партијата, Ахмети во своето обраќање вети победа на предвремеите парламентарни избори. Ќе соработуваат со оние партии кои ќе ги почитуваат Охридскиот договори и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Ахмети повика на помирување, развој на образованието, почитување на законот за употребата на јазиците. Вети дека никогаш нема никого да посрамотат затоа што се државотворна партија. Според Артан Груби ДУИ ќе биде одлучувачки фактор за новата Влада што че се формира по 12 април.

На конгресот беа донесени неколку промени во Статутот, се избра изборна комисија и Национален совет каде што ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство. Беа донесени и 5 резолуции како програмски приоритети за консенсуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места, и младите на прво место. Се усвои и Декларација за вредностите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.