Алијанса и Алтернатива ја почнаа кампањата од Чаир: Време е за ново мнозинство!

Со проекти за развој на општините, борба против корупцијата и криминалот и воздигнување на квалитетот на животот, коалицијата Алијанса и Алтернатива ја почна изборната камшања од Чаир.

– Доста беше 20 години режим на ДУИ, време е за промена. Овие избори мислам дека се многу повеќе од локални избори, се очекува ако се добијат повеќе општини од опозицијата, најверојтно ќе има и ново мнозинство или евентуално нови парламентарни избори можеби напролет. Ова мнозинство функционира со 62 пратеници и никако да се поправи, ако се победи во Скопје и повеќе општини од опозициските партии тоа веќе се подразбира или ново мнозинство или нови парламентарни избори- рече Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса на Албанците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.