Алијанса и Алтернатива му порачаа на Османи: Вие сте мнозинство кое не може да стои на свои нозе

Коалицијата Алтернатива и Алијанса на Албанците преку соопштение, се обратија до министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Му порачаа дека ќе го демаскираат од политичка моќ која се состои од мнозинство која не може да стои на свои нозе.

-Го потсетуваме Бујар Османи дека Собранието во која била демократска држава е овластено да ја изразува волјата на народот, како и донесување на најдобрите закони за застапување на интересите на граѓаните. Го потсетуваме и на етимологијата на зборот од глаголот „парлер“ што значи „местото каде што се зборува“, додека вашата Влада постојано се обидува да им ја затвори устата на албанската опозиција и да ја замолчи за значајни и хумани прашања, како што е тоа државјанството, што Вие како политички субјект никогаш не сте го подигнале како проблем во овие 20 години, му порачуваат тие.

Алијанса и Алтернатива понатаму посочуваат:

„Политичките игри ги прави вашата Влада, која се обидува на секој начин да ги поткупи пратениците од опозицијата, затоа што веќе не е во можност да постои ова парламентарно мнозинство. Ние сме ја докажале нашата конструктивност кога станува збор за закони за општото добро на граѓаните, но кога сте арогантни кон нашите легитимни и природни барања, тогаш мора да ве демаскираме од вашата политичка моќ, која се состои од мнозинство која не може да стои на свои нозе“.