Алијанса на Албанците со осуда за инцидентот во Чаир

„Синоќешниот инцидент во Чаир во кој учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ. Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта. Тие кои треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто. ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците“, соопштија од АА.

-Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!? Ветингот во судството, полицијата и другите сфери е повеќе од неопходен, но предходно мора да ги отстраниме од власт тие коишто го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата, велат во партиското соопштение од Алијанса.