Алијанса: Свесен ли е Филипче дека болниците стануваат жариште на инфекција?

Ескалацијата на состојбата во РСМ и последиците што произлегуваат од лошото раководење со ситуацијата, веќе не може да се издржи и затоа мора да се преземат итни мерки во овој поглед, за да се подобри состојбата!Неспособноста на Министерството за здравство се плаќа со постојано зголемување на бројот на заразени лица! Неподносливо е дека времето на објавување на резултатите од ПЦР тестовите трае повеќе од два дена, од кои последователно се јавува доцното откривање на заразените лица и како резултат на тоа имаме постојано зголемување на бројот на заразени лица. Ова директно го поврзува со одговорноста Институтот за јавно здравје и другите органи кои се во надлежност на Министерството за здравство кои од почетокот на пандемијата имаа една задача, за рано откривање на заразени лица!, изјави денеска Генц Селмани  од Одделот  за здравство при Алијанса за Албанците.

„Јавно го прашуваме министерот за здравство Венко Филипче, дали тој е свесен што се случува во болниците каде треба да се лекуваат пациенти, дали е тој свесен дека болниците стануваат жариште на инфекција наместо на лекување ?! Болницата „8 септември„, каде што се примаат пациенти со „Ковид 19“, нема капацитет да прими пациенти а сепак пациентите се носат во оваа болница и се сместуваат во ходниците без заштитни мерки и без лекување! Затоа прашуваме каде е владата која зборува за избори додека бројот на заразени и мртви во нашата земја е алармантен!Секојдневно ги губиме животите на луѓето, додека Министерството за одбрана троши време и пари за склопување и расклопување на шатори!Ова преоптоварување го загрозува јавното здравје, како и лекарите кои ги извршуваат своите должности во мизерни услови, и без дополнителна награда!“, изјави Селмани.

Алијансата за Албанците итно повикува на масовно тестирање и резултатите од тестови да бидат објавени порано. Од друга страна, хоспитализираните пациенти мора да добијат соодветно лекување со тоа што ќе се систематизираат во болници каде има слободни места, па дури и заради големата потреба да бидат импровизирани во простори погодни за такво нешто!

„Ваквото однесување на владата им го ускратува на граѓаните правото на еднаков третман, право загарантирано со Европската конвенција за човекови права.Немаме време за губење! На крајот на краиштата, поради лошо управување на владата, Македонија веќе нема капацитет да се справи со ситуацијата, па време е да побараме помош од локалните експерти кои се игнорирани од владата, како и од меѓународната заедница.Не смееме да дозволиме повеќе загуби и последици, нашите граѓани не заслужуваат сами да се соочат со влошената состојба.Оваа хаотична ситуација мора да заврши, а Алијансата за Албанците нема да престане да бара одговорност сè додека работите не завртат на подобро!“, истакна  Селмани.