Алијанса за Албанците бара ДИК да ги преиспита изборните резултати

ДИК да ги преиспита изборните резултати, побара вечерва Алијанса за Албанците. Според Алијанса, недостигот на службени информации, разните шпекулации, блокирањето и нападот врз веб-страницатана ДИК и целата нејаснотија околу процесот остава многу сомнежи врз процесот на броење на гласовите и ја прави спорна победата на ДУИ.

„Имајќи в предвид дека денес нашите изборни штабови и наблудувачи доаѓаат со разни информации, кои не се совпаѓаат со оние кои се објавени од страна на ДИК, додека се известува за низа нерегуларности, манипулации или злоупотреби со изборниот процес, денес сме тука да истакнеме дека за нас се многу проблематични и нодеверливи бројките кои беа изнесени синоќа. Поаѓајќи од ова, како и од добиените информации дека во некои избирачки места имало полнење на кутии како во Сарај, „бугарски воз“ во општина Липково, потоа гласање за иселениците во Дебар и брутално полнење на кутиите во Зајаз, Пласница и Кичево, но и од информациите дека какви појави имало и во чисто македонски населени места, каде ДУИ чудесно има добиено низа гласови, сето ова зборува за тоа дека изборниот процес е далеку од тоа што ние посакуваме да биде, па затоа податоците кои оваа партија ја прогласуваат за победничка, се спорни“, изјави Арбен Лабуништа, Алијанса за Албанците.