Алијанса за Албанците ќе размисли дали ќе оди на средба со Заев

29

Можно е „Алијансата за Албанците“ утре да не присуствува на средбата која премиерот Зоран Заев ја закажа за да се разговара на темата одложување рокот за локалните избори и пописот со опозициските партии. Најавата доаѓа од Арбен Таравари, генералниот секретар на политичката партија Алијанса за албанците во одговорот на новинарско прашање за присуство на средбата. Таравари изрази сомнеж дека таа средба ќе се одржи.

– Се сомневам дали ќе седиме и не знаеме дали треба да седиме со нив на маса. Но, повторно има партиски тела кои денес ќе одлучуваат. Имаме сериозни дилеми дали вреди да седнеме со личност која ја менува изјавата пет пати на ден. Човекот не е сериозен и тешко е да се најде заедничко решение со него. Тоа што го ветува денес, утре не го исполнува, изјави градоначалникот на Гостивар и секретар на АА.

Тој го критикуваше и односот на лидерот на ДУИ партија која е во власта за одложување на пописот, бидејќи како што рече во одговорот, тие биле инфериорни во договарањето за пописот.

– Ова пролонгирање и запирање има политичка заднина. Тоа е скандалозно. Луѓето почнаа да се попишуваат и имаше голем ентузијазам, посветеност од целото население што живее во Македонија и во странство. Исто така, имаше посветеност од премиерите на Косово и Албанија. И кога пописот требаше да започне по два дена, тој е прекинат поради фактот што на двете македонски политички партии не им се допаѓа тоа што се регистрирани многу Албанци во дијаспората. Ова само Али Ахмети може да го дозволи. Нашата коалиција нема да го прифатат и ќе преземеме мерки тоа да се спречи, изјави Арбен Таравари.

 Тој оцени дека одлоувањето на пописот освен политичка заднина има за цел да го демотивира населението да се попише.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.