Алијанса за Албанците ги повикува пратениците да ѝ се приклучат на опозицијата за спас на државата од криминалот

Ги повикуваме пратениците на ова владино малцинство сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, да се приклучат на прогресивната опозиција, вели Алијанса за Албанците.

„Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат и уценуваат пратеници“, се додава во соопштението.